pages

За нас

Соочени со предизвикот на пазарот кој има поспецифични барања, но потпирајќи се на врвниот италијански квалитет и иновативни технолошки и производствени процеси, СПИБО ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје од 2009 година е генерален и овластен увозник и дистрибутер на сите брендови на облека на групацијата NORMAN INTERNATIONAL SPA ITALY којa е европски лидер во безрабна технологија.

Од март 2017 година СПИБОИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје е овластен застапник и дистрибутер за менструалната чашка од данскиот производител ORGANICUP.

Единствена политика на нашата мала семејна компанија е да имаме одговорен и индивидуален пристап со секој купувач, а во тоа успеваме само со коректна понуда на производи со постојан и проверен квалитет според европски стандари. 

Широкиот асортиман на безрабни модели како за жени така и за мажи вклучува: интимна облека, горна облека (t-shirt, маички, фустани, хеланки и сукњи), модели со специфичен технички состав и намена како облека за спортување и фитнес, облека за мајки, модели за обликување на телото и чорапи. Производите се достапни во микрофибер, памук, бамбус, вискоза, волна итн.

Производите се предмет на интерна строга контрола на квалитет со што се гарантира отсуство на супстанци штетни по човековото здравје и човековата околина. Сите производи почнувајќи од предивото па до крајниот производ се тестираат за да се гарантира високиот квалитет на секоја производна линија. Се користат само сертифицирани сурови материјали и додатоци, а тимот за контрола на квалитетот се грижи за целосно почитување на светски признатите стандарди за квалитет.

Доколку сте заинтересирани за производите, нивнa нарачка, користење или понатамошна продажба, слободно контактирајте нè на e-mail info@spiboshop.com.mk или телефонскиот број +389 (0)71 227 082.

СПИБО ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје

ЕДБС:4030004520417; Матичен бр.:5902975

Канцеларија: бул.Јане Сандански бр.7, лок.16 (ТЦ Три Бисери приземје, населба Аеродром),

1000 Скопје, Македонија