pages

Категории

OrganiCup



Бренд:  OrganiCup – Менструална чашка

Опис на производот:

OrganiCup е лесна за употреба, здрава и еколошка замена за влошки и тампони.

 

Едноставно испразнете ја наутро и навечер - ова значи денови без никаква грижа. И ноќи се разбира.

OrganiCup се фиксира преку лесен вакуум, а поради мекиот материјал од којшто е направена нема воопшто да ја чувствувате. Штом правилно ја наместите не постои ризик од пропуштање. Користете ја  OrganiCup за сите спортски активности, вклучувајќи и пливање.

 

OrganiCup е изработена од 100% медицински силикон - не содржи штетни материи, што значи дека нема да влијае врз вашата природна телесна средина. Додека влошките и тампоните ги абсорбираат потребните вагинални секрети, OrganiCup само ги собира –притоа се избегнува иритација и сувост, а  pH-балансот останува непроменет.

А бидејќи рокот за користење е дури до 10 години, со неа вие лично го правите потенцијално наголемиот придонес во заштита на животната средина.

OrganiCup е сертифицирана од страна на AllergyCertified со што се гарантира дека не содржи алергени состојки и поради тоа е соодветна за осетливи мукозни мембрани.

Ја има во 2 големини:

    • Големина A: За лесна/средна менструација и/или за оние кои не раѓале
    • Големина B: За средна/обилна менструација и/или за оние кои родиле вагинално

Состав 100% медицински силикон, без никакви адитиви и хемикалии

Упатство за употреба:

Пред употреба задолжително дезинфицирајте ја OrganiCup на тој начин што ќе ја држите минимум 3 минути во зовриена вода. Истото треба да го направите и по завршување на циклусот за  хигиенско чување пред следната употреба.

·      Свиткај и вметниПред вметнување свиткајте ја OrganiCup. Има различни техники на виткање (погледнете видео на  www.organicup.eu/folding). Вметнете ја чашката колку што е можно подлабоко и дозволете и да се одвитка.

·       За да се осигурате дека е целосно отворена и дека се створил лесен вакуум, штипнете го дното и малку свртете го. Кога чашката е правилно отворена не би требало да ја чувствувате и со тоа нема ризик од протекување.

·       Чашката може да ја оставите до 12 часа доколку имате нормална менструација (доколку имате пообилна менструација можеби ќе биде потребно да ја празните на секои 3-4 часа).

·     За да ја испразните OrganiCup фатете го врвот и нежно повлечете за да го дофатите дното на чашката. Потоа лесно притиснете го дното за да се ослободи вакуумот, и потоа нежно извлечете ја чашката. Со грчење на стомачните мускули може да помогнете чашката да излезе уште полесно. Испразнете ја во тоалетот и исчистете ја со влажно марамче, тоалетна хартија или исплакнете ја со вода пред повторно да ја поставите.


     Напоменуваме дека доколку ја користите чашката прв пат можно е да бидат потребни еден до три циклуси за да се навикнете на OrganiCup. Но штом еднаш ќе се навикнете на неа и ќе се чувствувате комотно ќе се чудите зошто порано не сте почнале да ја користите.  Дури 90% од корисниците продолжуваат да ја користат OrganiCup и ја препорачуваат на други. 


Сортирај според:
OrganiCup
Брз преглед

OrganiCup

1.490,00 мкд
Бренд:  OrganiCup– Менструална чашкаОпис напроизводот:OrganiCup менструалната чашка е лесна за употреба, здрава и еколошка замена за влошки и тампони. Едноставно испразнете ја наутро и навечер - ова значи денови без никаква грижа. И ноќи се разбира. OrganiCup се фиксира преку лесен вакуум, а поради мекиот материјал од којшто е направена нема воопшто да ја чувству..