OrganiCup – Менструална чашка


Опис напроизводот:

OrganiCup менструалната чашка е лесна за употреба, здрава и еколошка замена за влошки и тампони.

Едноставно испразнете ја наутро и навечер - ова значи денови без никаква грижа. И ноќи се разбира.

OrganiCup се фиксира преку лесен вакуум, а поради мекиот материјал од којшто е направена нема воопшто да ја чувствувате. Штом правилно ја наместите не постои ризик од пропуштање. Користете ја  OrganiCup за сите спортски активности, вклучувајќи и пливање. 

OrganiCup е изработена од 100% медицински силикон - не содржи штетни материи, адитиви ниту хемикалии, што значи дека нема да влијае врз вашата природна телесна средина. Додека влошките и тампоните ги абсорбираат потребните вагинални секрети, OrganiCup само ги собира – притоа се избегнува иритација и сувост, а  pH-балансот останува непромент.

А бидејќи рокот за користење е дури до 10 години, со неа вие лично го правите потенцијално наголемиот придонес во заштита на животната средина.


OrganiCup е сертифицирана од страна на AllergyCertified со што се гарантира дека не содржи алергени состојки и поради тоа е соодветна за осетливи мукозни мембрани.


Ја има во 3 големини: 

Големина A: За лесна/средна менструација и/или за оние кои не раѓале

Големина B: За средна/обилна менструација и/или за оние кои родиле вагиналнo

Мини чашка: За тинејџери и оние со лесна менструација


Состав: 100% медицински силикон


Упатство за употреба:

Пред употреба задолжително дезинфицирајте ја OrganiCup на тој начин што ќе ја држите минимум 3 минути во зовриена вода. Истото треба да го направите и по завршување на циклусот за  хигиенско чување пред следната употреба.

* Секогаш добро измијте ги рацете пред да ракувате со чашката.

* Свиткај и вметни: Пред вметнување свиткајте ја OrganiCup. Има различни техники на виткање (погледнете видео на  www.organicup.eu/folding). Вметнете ја чашката колку што е можно подлабоко идозволете и да се одвитка.

* За да се осигурате дека е целосно отворена и дека се створил лесен вакуум, штипнете го дното и малку свртете го. Кога чашката е правилно отворена не би требало да ја чувствувате и со тоа нема ризик од протекување.

* Чашката може да ја оставите до 12 часа доколку имате нормална менструација (доколку имате пообилна менструација можеби ќе биде потребно да ја празните на секои 3-4 часа).

* За да ја испразните OrganiCup фатете го врвот и нежно повлечете за да го дофатите дното на чашката. Потоа лесно притиснете го дното за да се ослободи вакуумот, и потоа нежно извлечете ја чашката. Со грчење на стомачните мускули може да помогнете чашката да излезе уште полесно. Испразнете ја во тоалетот и исчистете ја со влажно марамче, тоалетна хартија или најдобро исплакнете ја со вода пред повторно да ја поставите.


Напоменуваме дека доколку ја користите чашката првпат можно е да бидат потребни еден до три циклуси за да се навикнете на OrganiCup. Но штом еднаш ќе се навикнете на неа и ќе се чувствувате комотно ќе се чудите зошто порано не сте почнале да ја користите.  Дури 90% од корисниците продолжуваат да ја користат OrganiCup и ја препорачуваат на други.


Доколку не сте задоволни од производот истиот можете да го вратите во рок од 90 дена со наведување на причината, а средствата ќе ви бидат рефундирани.

За подетални информации можете да ни пишете на е-маил: info@spiboshop.com.mk или на телефонскиот број +389 (0) 71 227082.

OrganiCup
1.490,00 МКД
OrganiCup – Менструална чашкаОпис напроизводот:OrganiCup менструалната чашка е лесна за употреба, зд..
Прикажани 1 до 1 од 1 (1 страни)