Почитувани,
Со користењето на web (интернет) страната http://www.spiboshop.com.mk и купување на производи и услуги преку истата, се согласувате и се обврзувате со компаниските услови наведени во политиките на нашата интернет страна, вклучително и оваа Политика за испорака, кои го регулираат односот на СПИБО ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје со вас во врска со вашите нарачки направени преку интернет страната http://www.spiboshop.com.mk.
Оваа Политика за испорака се однесува на испорака на производи нарачани преку интернет продавницата, која е поставена на интернет страната http://www.spiboshop.com.mk.
Истакнатите цени на производите и трошокот за транспорт на интернет продажното место (http://www.spiboshop.com.mk) се валидни цени изразени во бруто износи со вклучен 18% ДДВ. Испораката на сите производи на целата територија на Република Македонија е БЕСПЛАТНА доколку вкупната вредност во кошничката го надминува износот од 2000 денари. Доколку вредноста на производите во кошничката изнесува или е помала од 2000 денари, се пресметува фиксен трошок за испорака во висина од 100 денари. ДДВ износот се пресметува за нарачки за и на територијата на Р. Македонија. СПИБО ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје се обврзува за истакнатата цена да ја направи нарачаната стока достапна во договорениот рок. Во истакнатите цени е вкалкулирано пакување, а по барање на клиентот кој е нарачател возможно е и поинакво, специјално пакување за кое се пресметува дополнителен трошок. Нарачателот е должен при приемот на пратката детално да ја провери и да воочи дали има некакви видливи оштетувања. Доколку се увидат било какви оштетувања и недостатоци веднаш да се пријави на лицето кое ја доставува пратката.
ИСПОРАКА ЗА И НА ТЕРИТОРИЈА НА Р. МАКЕДОНИЈА
Производите нарачани преку оваа web страна (е-продавница) се испорачуваат согласно со цените и наведените рокови за испорака на територијата на Р. Македонија од страна на овластени доставувачи со кои СПИБО ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје има склучено договор за соработка. Нарачателот има можност за избор на испорака на нарачаните производи, односно дали СПИБО ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје да ја организира доставата согласно понудените услови или самиот нарачател да ја подигне пратката од продавницата на СПИБО ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје. Во случај на избор од нарачателот, за организирана испорака од страна на СПИБО ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје, нарачаните производи ќе бидат доставени на наведената адреса со испратница, а фактура за извршеното плаќање по електронски пат ќе биде доставена на e-mail адресата на купувачот односно нарачателот наведена при регистрација, доколку нарачателот и адресата за испорака се идентични. Доколку не постои овластено лице за потпис на испратниците за испорака на наведената локација, нарачателот ќе биде известен дека е направен обид за испорака и ќе му биде дадена можност на нарачателот за понатамошна испорака во рамките на дефинираната цена. Доколку тоа не е возможно, тогаш производите ќе бидат оставени во најблискиот собирен центар на транспортерот кој го користи СПИБО ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје од каде ќе може нарачателот сам да ги подигне. Доколку нарачаните производи се наменети за подарок со податоци за испорака (име, презиме и адреса) различни од оние на нарачателот, фактурата ќе биде доставена на e-mail адресата на купувачот односно нарачателот.
СОПСТВЕНО ПРЕЗЕМАЊЕ НА ПРАТКИ
Доколку нарачателот одлучи сам да ги преземе производите од продавницата на СПИБО ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје, истиот се обврзува тоа да го направи најдоцна 7 (седум) дена по известувањето дека нарачката е подготвена за испорака и со претходна најава за датумот и часот кога сака да ја подигне пратката од канцеларијата на СПИБО ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје. Нарачателот најавата за подигање на пратката треба да ја направи на телефонскиот број 071 227 082 или на маил info@spiboshop.com.mk.
РОКОВИ ЗА ИСПОРАКА
Испораката на производите во градот Скопје се извршува најмногу во рок од 2 работни дена по добиена потврда од банката за извршено успешно плаќање. Испораката на производите до останатите градови во Р.М. се извршува во рок од најмногу 3 работни дена по добиена потврда од банката за извршено успешно плаќање. Во роковите не се засметуваат: недела, празници или други неработни денови, времето на доцнење поради неточна или непотполна адреса и времето на доцнење поради виша сила или околности за кои СПИБО ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје не одговара. Сите нарачки направени во недела или за време на државните празници, ќе се третираат како да се направени првиот следен работен ден, од кога ќе почнат да течат и роковите за достава.