OrganiCup – Менструална чашка
Опис напроизводот:
OrganiCup менструалната чашка е лесна за употреба, здрава и еколошка замена за влошки и тампони.
Едноставно испразнете ја наутро и навечер - ова значи денови без никаква грижа. И ноќи се разбира.
OrganiCup се фиксира преку лесен вакуум, а поради мекиот материјал од којшто е направена нема воопшто да ја чувствувате. Штом правилно ја наместите не постои ризик од пропуштање. Користете ја OrganiCup за сите спортски активности, вклучувајќи и пливање.
OrganiCup е изработена од 100% медицински силикон - не содржи штетни материи, адитиви ниту хемикалии, што значи дека нема да влијае врз вашата природна телесна средина. Додека влошките и тампоните ги абсорбираат потребните вагинални секрети, OrganiCup само ги собира – притоа се избегнува иритација и сувост, а pH-балансот останува непромент.
А бидејќи рокот за користење е дури до 10 години, со неа вие лично го правите потенцијално наголемиот придонес во заштита на животната средина.
OrganiCup е сертифицирана од страна на AllergyCertified со што се гарантира дека не содржи алергени состојки и поради тоа е соодветна за осетливи мукозни мембрани.
Ја има во 3 големини:
Големина A: За лесна/средна менструација и/или за оние кои не раѓале
Големина B: За средна/обилна менструација и/или за оние кои родиле вагиналнo
Мини чашка: За тинејџери и оние со лесна менструација
Состав: 100% медицински силикон
Упатство за употреба:
Пред употреба задолжително дезинфицирајте ја OrganiCup на тој начин што ќе ја држите минимум 3 минути во зовриена вода. Истото треба да го направите и по завршување на циклусот за хигиенско чување пред следната употреба.
* Секогаш добро измијте ги рацете пред да ракувате со чашката.
* Свиткај и вметни: Пред вметнување свиткајте ја OrganiCup. Има различни техники на виткање (погледнете видео на www.organicup.eu/folding). Вметнете ја чашката колку што е можно подлабоко идозволете и да се одвитка.
* За да се осигурате дека е целосно отворена и дека се створил лесен вакуум, штипнете го дното и малку свртете го. Кога чашката е правилно отворена не би требало да ја чувствувате и со тоа нема ризик од протекување.
* Чашката може да ја оставите до 12 часа доколку имате нормална менструација (доколку имате пообилна менструација можеби ќе биде потребно да ја празните на секои 3-4 часа).
* За да ја испразните OrganiCup фатете го врвот и нежно повлечете за да го дофатите дното на чашката. Потоа лесно притиснете го дното за да се ослободи вакуумот, и потоа нежно извлечете ја чашката. Со грчење на стомачните мускули може да помогнете чашката да излезе уште полесно. Испразнете ја во тоалетот и исчистете ја со влажно марамче, тоалетна хартија или најдобро исплакнете ја со вода пред повторно да ја поставите.
Напоменуваме дека доколку ја користите чашката првпат можно е да бидат потребни еден до три циклуси за да се навикнете на OrganiCup. Но штом еднаш ќе се навикнете на неа и ќе се чувствувате комотно ќе се чудите зошто порано не сте почнале да ја користите. Дури 90% од корисниците продолжуваат да ја користат OrganiCup и ја препорачуваат на други.
Доколку не сте задоволни од производот истиот можете да го вратите во рок од 90 дена со наведување на причината, а средствата ќе ви бидат рефундирани.
За подетални информации можете да ни пишете на е-маил: info@spiboshop.com.mk или на телефонскиот број +389 (0) 71 227082.