Почитувани,

Добредојдовте на нашата интернет продавница! 

Пред да почнете со користење на нашата интернет продавница Ве молиме внимателно да ги прочитате Условите за користење како и Политиките за приватност и испорака бидејќи продолжување на прелистувањето и користењето на интернет продавницата значи дека се согласувате и се обврзувате кон истите.  Термините „ СПИБО ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје " или „ние" или „нас" или „наш” се однесуваат на сопственикот на интернет страната http://www.spiboshop.com.mk, чие што седиште е на ул. 43 бр.52, 1000 Скопје, Македонија. Терминот „вие" или „вас" се однесува на корисниците или посетителите на интернет страната. Употребата на интернет страната е предмет на следниве услови за нејзина употреба:

 

ОПШТИ УСЛОВИ

-       СПИБО ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје како креатор и сопственик на www.spiboshop.com.mk интернет страната ви дава право да ги разгледувате сите содржини кои се публикувани во неа само за лична употреба, со нетрговска цел, под услов дека ги почитувате сите авторски права и соодветните ознаки.

-       Содржините на интернет страната се за ваше генерално информирање и употреба и истите се предмет на измени без претходна најава

-       Ниту ние, ниту било која трета страна не дава гаранција за точноста, навременоста или комплетноста  на содржините и информациите кои се наоѓаат или се понудени на интернет страната за било која конкретна намена. Со самото прелистување на интернет страната потврдувате дека сте запознаени дека таквите содржини и информации можат да содржат неточности или грешки и ние изречно ја исклучуваме секоја одговорност за неточностите или грешките во потполност, согласно обемот дозволен со закон.

-        Не се дозволува материјалите на оваа интернет страна да се променуваат на некаков начин, ниту да бидат копирани, јавно распространувани или разделувани за каква и да било општествена или трговска цел. Забранета е и нивна публикација на други веб страни, освен со претходно обезбедена писмена дозвола од наша страна. Материјалите на оваа страна се под заштита на Законот за авторско право и други права и секоја недозволена употреба може да биде нарушување на авторското право, права врз трговски марки и други законски одредби.

-       Вашата употреба, копирање и/или проследување на било какви информации или материјали од интернет страната е целосно на ваш сопствен ризик, за кој ние нема да бидеме одговорни

-       Неовластеното користењето на web страната може да резултира со барање за отштета од наша страна и / или да се третира како кривично дело.

-       Понекогаш интернет страната може да вклучува и линкови до други интернет страни. Овие линкови се наведени за да обезбедат дополнителни информации за вас. Истите не пдразбираат дека ние ја одобруваме таа интернет страна. Ние не сносиме никаква одговорност за содржината на линкуваните интернет страни.

-       Не е дозволено креирање на врска (линкување) до нашата интернет страна од друга интернет страна или документ без претходна писмена согласност на СПИБО ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје.

-       Не е дозволено објавување на содржината на интернет страната, вклучувајќи, но не и лимитирајќи се единствено на објави на други интернет страни или друга средина.

-       Доколку сте незадоволни од интернет страната или нејзината содржина и материјалите кои ги содржи, ваш е изборот да не продолжите со понатамошно прелистување на страната. 

-       Вашата употреба на интернет страната и било каков било спор кој би можел да произлезе од таквата употреба се под надлежност на судовите на Република Македонија и македонското законодавство.

-       Личните податоци овозможени преку интернет страната ќе се користат во согласност со нашата Политика за приватност. Со давањето на вашите лични податоци, истовремено ја давате и вашата согласност за нивна употребна, следствено утврдената Политика за приватност.

 

КУПУВАЊЕ ОД SPIBOSHOP.COM.MK

-       Кога правите нарачка на www.spiboshop.com.mk вие се согласувате производот што сте го одбрале да го платите по цената што е означена за тој производ на интернет страната, а што е предмет на овие услови за користење.

-       Кога ќе ја завршите нарачката, ќе добиете потврда на е-маил дека вашата нарачка успешно е примена. Оваа потврда на нарачката се генерира автоматски, со цел вие да имате потврда дека вашата нарачка е примена.

-       Некои производи можат да бидат отстранети од продажба во било кое време без претходна најава. Доколку одредена нарачка не е доставена на корисникот или производот повеќе не е на залиха, а корисникот веќе ја извршил уплатата, spiboshop.com.mk целосно ќе ги рефундира средствата уплатени од корисникот, или на неговата сметка ќе додаде соодветен број на наградни поени со претходна согласност на корисникот.

-       Секоја нова нарачка се смета за посебна од претходните и се третира индивидуално.

ЦЕНИ

-       Цената за секој производ е прикажана на интернет страната spiboshop.com.mk и во неа е вклучен ДДВ од 18 % или 5 %, во зависност од видот на производот.

-       Ние секогаш настојуваме цените кои се прикажани на интернет страницата да бидат точни, меѓутоа не исклучуваме можност за појава на грешки.

-       Сите цени се изразени во денари.

ПЛАЌАЊЕ

Опцијата плаќање ќе ви биде достапна само во случај кога количините од нарачката ќе ги има на залиха, во спротивно може да не контактирате за достапноста на производот.

Плаќањето можете да го направите на два начина, преку избор на видот на плаќање и тоа:

-       Платежна картичка MasterCard, Maestro, Visa - Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на НЛБ Тутунска Банка. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.

-       Банкарски Трансфер - по испраќање на вашата нарачка ќе добиете профактура со сите потребни детали за плаќање преку банка.

-       Доколку плаќате преку e-banking, во интерес на времето можна опција е да ни испратите потврда од банката за вашето плаќање, во спротивно ќе чекаме банката да го направи истото, па потоа да започне процесот на испорака. Вие мора во целост да ја платите вашата нарачка пред производот да ви биде испорачан. Тоа можете да го сторите плаќајќи со дебитна или кредитна картичка или преку уплата во банка. Кога плаќањето се врши со кредитна или дебитна картичка, го задржуваме правото, доколку од околностите истото произлезе, да извршиме дополнителни сигурносни проверки, со цел утврдување на тоа дека лицето кое ја врши уплатата со картичката е навистина сопственикот на истата.

-       Сите детали за нарачката и фактурите ќе бидат пратени на е-маил адресата на корисникот.

 

ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ
 
Spiboshop.com.mk не врши поврат на средствата на купувачот, секоја продажба е финална.

 

ДОСТАПНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕ

-       Настојуваме да ја одржуваме spiboshop.com.mk интернет страната колку што е можно постојано ажурирана, но не гарантираме дека одреден производ секогаш ќе биде достапен. Доколку не сме во состојба да испорачаме одреден производ, а истиот веќе ви е наплатен, од наша страна ќе ви биде рефундиран целосно уплатениот износ на вашата сметка или ќе добиете на вашата корисничка сметка на spiboshop.com.mk соодветен број на наградни поени со ваша претходна согласност.

-       Сите производи се достапни се додека ги имаме на залиха. Доколку не сме во состојба да ви испорачаме производ кој сте го нарачале, ќе ве известиме во најбрз можен рок по добивањето на вашата нарачка. Доколку е ова случај, вие може да ја откажете вашата нарачка и уплатениот износ ќе ви биде вратен во најбрз можен рок.

 

ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОДИ

-       Ве молиме да го проверите испорачаниот производ во моментот на неговиот прием, во спротивно, нема да покриеме никакви загуби или оштетувања кои ќе бидат презентирани по моментот на прием на истиот.

-       Производите пред да бидат испорачани подлежат на контрола на квалитетот и за истите не прифаќаме рекламација доколку се веќе користени, перени или намерно физички оштетени.

-       Не прифаќаме рекламација за оштетувања како резултат на несоодветно одржување и перење на производите. Секој поединечен производ на опачината има отпечатено упатства за одржување и перење и Ве молиме истите строго да се придржувате кон истите.

-       Рекламација прифаќаме во случај да сте добиле производ кој не соодветствува на производот од Вашата нарачка по код на производ, боја, величина, и истиот ќе биде бесплатно заменет со соодветен производ, а доколку таков производ нема на залиха ќе ви биде дадена можност да изберете друг производ кој е со иста цена како претходно нарачаниот. Производот што се заменува треба да биде во оргиналното пакување и во неупотребена состојба. Штом ќе го провериме вратениот производ и ќе констатираме дека е вратен во онаа состојба во која ви бил испорачан во договор со вас ќе организираме бесплатна испорака на новиот производ.

-       Рекламација кога производот соодветствува на производот од Вашата нарачка по код на производ, боја, величина и количина, но сепак сакате да го замените за производ со друг код, боја или величина истото ќе биде прифатено но трошокот за преземање на стариот/доставување на новиот производ ќе биде на Ваш терет. Веќе доставениот производ треба да ни се достави во рок од 7 дена од денот на испраќање на барањето за негово враќање, заедно со потврда за уплатата.  Производот што се заменува треба да биде во оргиналното пакување и во неупотребена состојба. Штом ќе го провериме вратениот производ и ќе констатираме дека е вратен во онаа состојба во која ви бил испорачан во договор со вас ќе организираме испорака на новиот производ, а трошокот за испорака ќе биде на ваш терет.

-       Запомнете дека вие сте одговорни за производот што го враќате се додека тој не стигне кај нас.

За сите дополнителни прашања во врска со производите, достапноста, начинот на нарачка и испорака можете директно да не контактирате телефонски на 071 227 082, e-mail: info@spiboshop.com.mk или да поставите прашање во делот за контакт.