pages

OrganiCup

OrganiCup

1.490,00 мкд
Цена без ДДВ18%: 1.263,00 мкд
Цена во наградни поени: 1490
2 или повеќе 1.341,00 мкд

0 прегледи / Напиши коментар

Код на производ: OrganiCup

На лагер: Залиха


Дополнителни опции

Количина
+

 



Бренд:  OrganiCup– Менструална чашка

Опис напроизводот:

OrganiCup менструалната чашка е лесна за употреба, здрава и еколошка замена за влошки и тампони.

Едноставно испразнете ја наутро и навечер - ова значи денови без никаква грижа. И ноќи се разбира.

OrganiCup се фиксира преку лесен вакуум, а поради мекиот материјал од којшто е направена нема воопшто да ја чувствувате. Штом правилно ја наместите не постои ризик од пропуштање. Користете ја  OrganiCup за сите спортски активности, вклучувајќи и пливање.

 

OrganiCup е изработена од 100% медицински силикон - не содржи штетни материи, адитиви ниту хемикалии, што значи дека нема да влијае врз вашата природна телесна средина. Додека влошките и тампоните ги абсорбираат потребните вагинални секрети, OrganiCup само ги собирапритоа се избегнува иритација и сувост, а  pH-балансот останува непромент.

А бидејќи рокот за користење е дури до 10 години, со неа вие лично го правите потенцијално наголемиот придонес во заштита на животната средина.

OrganiCupесертифицирана од страна на AllergyCertified со што се гарантира дека не содржи алергени состојки и поради тоа е соодветна за осетливи мукозни мембрани.

Ја има во 3 големини:

    • Големина A: За лесна/средна менструација и/или за оние кои не раѓале
    • Големина B: За средна/обилна менструација и/или за оние кои родиле вагиналнo
    • Мини чашка: За тинејџери и оние со лесна менструација

Состав: 100% медицински силикон


Упатство за употреба:

Пред употреба задолжително дезинфицирајте ја OrganiCup на тој начин што ќе ја држите минимум 3 минути во зовриена вода. Истото треба да го направите и по завршување на циклусот за  хигиенско чување пред следната употреба.

·        Секогаш добро измијте ги рацете пред да ракувате со чашката.

·      Свиткај и вметни: Пред вметнување свиткајте ја OrganiCup. Има различни техники на виткање (погледнете видео на  www.organicup.eu/folding). Вметнете ја чашката колку што е можно подлабоко идозволете и да се одвитка.

·       За да се осигурате дека е целосно отворена и дека се створил лесен вакуум, штипнете го дното и малку свртете го. Кога чашката е правилно отворена не би требало да ја чувствувате и со тоа нема ризик од протекување.

·      Чашката може да ја оставите до 12 часа доколку имате нормална менструација (доколку имате пообилна менструација можеби ќе биде потребно да ја празните на секои 3-4 часа).

·       За да ја испразните OrganiCup фатете го врвот и нежно повлечете за да го дофатите дното на чашката. Потоа лесно притиснете го дното за да се ослободи вакуумот, и потоа нежно извлечете ја чашката. Со грчење на стомачните мускули може да помогнете чашката да излезе уште полесно. Испразнете ја во тоалетот и исчистете ја со влажно марамче, тоалетна хартија или најдобро исплакнете ја со вода пред повторно да ја поставите.

Напоменуваме дека доколку ја користите чашката првпат можно е да бидат потребни еден до три циклуси за да се навикнете на OrganiCup. Но штом еднаш ќе се навикнете на неа и ќе се чувствувате комотно ќе се чудите зошто порано не сте почнале да ја користите.  Дури 90% од корисниците продолжуваат да ја користат OrganiCup и ја препорачуваат на други.

 Доколку не сте задоволни од производот истиот можете да го вратите во рок од 90 дена со наведување на причината, а средствата ќе ви бидат рефундирани.

За подетални информации можете да ни пишете на е-маил: info@spiboshop.com.mkили на телефонскиот број +389 (0) 71 227082.

Напиши коментар

Забелешка: HTML кодот не се преведува!

Рангирање Лошо           Добро