Почитувани,
СПИБО ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје се обврзува да ја заштити и почитува вашата приватност, како и податоците добиени за вас во текот на вашата посета на нашата интернет продавница во согласност со оваа Политика за приватност. Со користење на нашата интернет продавница www.spiboshop.com.mk и доставување на ваши лични податоци се согласувате со оваа политика по однос на понатамошното користење на личните податоци кои се собираат .
Го задржуваме правото за измена на политиката за приватност и условите без претходна најава согласно измените кои би можеле да произлезат во законот или работењето на нашата интернет продавницата. Затоа ве молиме при посета на оваа интернет страница да се запознаете со условите на оваа Политика за приватност.
Со користењето на web (интернет) страната http://www.spiboshop.com.mk и купување на производи и услуги преку истата, се согласувате и се обврзувате со компаниските услови наведени во политиките на нашата интернет продавница, вклучително и Политиката за приватност, кои го регулираат односот на СПИБО ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје со вас во врска со вашите нарачки направени преку web страната http://www.spiboshop.com.mk.
ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ
Со пристапување кон креирање на електронска нарачка купувачот е потребно да се регистрира, односно од купувачот се бара да ги внесе следниве лични податоци: име, презиме, адреса, е-mail адреса, корисничко име, лозинка и телефонски број, со цел да се олесни комуникацијата при доставата. При регистрација на вашиот кориснички профил, вашата лозинка треба да ви биде позната единствено вам. Препорачливо е користење на комплексни лозинки со употреба на броеви, букви и специјални знаци. Особено e важно да не ја откривате никому вашата лозинка. Доколку ја изгубите лозинката, губите и контрола врз вашите лични податоци и можете да станете предмет на законски водени активности предводени во ваше име. Доколку вашата лозинка е компромитирана од која било причина, веднаш известете нé и сменете ја лозинката. Лозинката која корисникот ја избира при својата регистрација се чува шифрирана во базата на податоци и како таква не може да биде прочитана ниту од вработените на Spiboshop.mk . СПИБО ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. СПИБО ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.
ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ
СПИБО ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. При реализација на eлектронските нарачки податоците поврзани со вашата картичка или вашата сметка во банка се испраќаат директно до банката, преку шифрирана врска. СПИБО ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје ниту ги собира ниту има пристап до информациите поврзани со вашата картичка или вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за on line плаќање. За сигурноста на направените трансакции од страна на претплатниците гарантира банката. Електронското плаќање за направените online нарачки е овозможено преку НЛБ Тутунска Банка АД Скопје.
СОБИРАЊЕ, ОБРАБОТКА, КОРИСТЕЊЕ И ПРЕНОС НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Web серверот на Spiboshop.com.mk поради системска заштита користи “cookies” со цел да ви го олесни користењето на интернет страната. “Cookies” се мали датотеки кои привремено се складираат на вашиот компјутер, овозможувајќи и на нашата интернет продавница да го препознае вашиот компјутер следниот пат кога ќе ја посетите интернет продавницата на Spiboshop.com.mk . Исто така web серверот привремено го регистрира вашиот домен, пребарувач и IP адресата кои се користат исклучиво за да се приберат информации кои и се потребни на нашата интернет продавница за анализа на трендовите, администрирање на страната, следење на интересите на купувачот и за собирање на демографски податоци. Оваа информација се зачувува, без никакви дополнителни информации околу останатите страници кои корисникот ги посетувал, освен страницата која го довела до Spiboshop.com.mk (на пример, при користење на пребарувач). Други веб страни кои се обезбедени како линкови на веб страната на Spiboshop.com.mk не секогаш ги спроведуваат истите политики како и Spiboshop.com.mk .
При вашата посета на web страната на СПИБО ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје нема да вршиме собирање на лични податоци, освен во случаи кога истите се задолжителни или доброволно ќе ги дадете овие информации, при електронски нарачки или барања за информации. Личните податоци кои се собираат за време на вашата посета на интернет страната се обработуваат согласно правните прописи на Р. Македонија.
Spiboshop.com.mk ги чува контакт информациите, адресата за испорака, телефонскиот број и е-mail доброволно оставени од ваша страна при регистрација неопходна само при комплетирање на наплата, и ги употребува со цел да се исполнат вашите барања или вашата направена електронска нарачка на производи и услуги кои ги нудиме и да обезбеди навремена испорака. Овие податоци не се продаваат, споделуваат или изнајмуваат на трети лица, но можат да бидат искористени при промоција на нови производи и услуги за кои сметаме дека може да бидат од заеднички интерес. Регистрираните корисници имаат можност да се откажат од добивање на вакви е-mail пораки од Spiboshop.com.mk во било кое време.